ТЕРА

REKLAMA???

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНАТОТ НА ОУ.„СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“- БИТОЛА

Оваа година по триесет и трети пат училиштето „Св. Климент Охридски”од Битола го прослави својот Патронен празник. По тој повод беше приготвена посебна пригодна програма која беше поделена во два дела. Во утринската програма која се реализираше во просториите на училиштето, Стручните активи активно се вклучија во одбележувањето на Денот на училиштето преку ликовни работилници, музички и сценски настапи, пишување на пароли, видео презентации и спортски активности кои беа во рамките на мотото „Да си подадеме рака”.

Во вториот дел од одбележувањето на Патронатот во присуство на заменик градоначалникот на Општина Битола, претставници од Советот на Општина Битола, гостите од збратименото училиште „Григор Прличев” од Охрид, поранешни и сегашни наставници, родители и ученици  во преполната сала на Битолскиот театар, под раководство на своите ментори учениците се претставија со свои точки. На сцената се претставија хорот и оркестарот на училиштето, драмската и балетската секција, беше подготвен и рецитал, а публиката имааше можност да ги чуе и види наградените ученици од литературниот и ликовниот конкурс.

 Сите учесници беа наградени со огромен аплауз од присутната публика што претставува мотив за и следната година достојно да се продолжи делото на Св. Климент Охридски”.