ТЕРА

REKLAMA???

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ГИМНАЗИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“

Во дворот на Гимназијта годинава се одржа патрониот празник – Денот на младоста, носејќи го името „Времеплов низ ритам“.

На свечениот настан учествуваа гимназиските музички групи, членовите на драмсаката секција како и членови на играорната група при нашата гимназија, а ментори беа професорката Николина Ѓуровска и Владко Симоновски.

Од гимназијата велат дека почестени биле со присуството на градоначалникот на Опшитна Битола – др. примариус Тони Коњановски, со присуствотот на градоначалникот на Општина Новаци- г.Стевче Стефановски, ректорот на Универзитетот, проф.др Игор Неделковски.

Гости им беа и заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, актуелни советници од Општина Битола, претставници на дипломатскиот кор, претставници на Советот и Одборот на родители во Гимназијата, претставници на Училишниот одбор на училиштето, присутни беа почитуваните родители, нашите актуелни и пензионирани колеги, претставници на бизнис-сектотот од Битола, учениците, претставниците на медиумите и други гости.

Во рамките на прославата на патрониот празник, имаа уште еден значаен настан во соработка со градската библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола, со м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски – стручен соработник за популаризација на книга, а под менторство на професорката м-р Симона Петровска се одржа ораторски натпревар меѓу членовите на дебатниот клуб во Гимназијата.

Фото: Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола