Одбележан патрониот празник на ОУ Тодор Ангелевски

Денес дел од наставничкиот колегиум заедно со ученици од ОУ Тодор Ангелевски имаа литератиурно и историско читање пред бистата на Тодор Ангелески во градскиот парк, со кој свечено го одбележаа својот патрон празник.

“Поминавме низ поинакви услови на воспитување и образување на нашите ученици, со желба тие да го продолжат патот кон остварување на своите цели, без да им се скрати секој успех, секоја прегратка и насмевка. Со заеднички сили успеавме да  отпечатиме училишно списание “ЛАСТОВИЧКА” за да  ја оправдаме целта која не’ доведува до успех, среќа и единство. Ова е доказ дека нашата љубов се учениците кои не’ прават горди и достоинствени. Да ни е честит денешниот ден Патрон празник”! – рече директоркара на Оу Тодор Ангелевски Љубица Стерјева.

 

Сподели