ТЕРА

REKLAMA???

ОДБЕЛЕЖАН 3ти ДЕКЕМВРИ ВО УЧИЛИШТЕТО „ЃОРЃИ СУГАРЕВ“

„Општина Битола преку Општинскиот совет за социјална заштита и Центарот за поддршка на учењето на децата со попреченост при ООУ “Ѓорѓи Сугарев”-Битола заеднички го одбележаа 3ти Декември“, информираат од училиштето.

„Во рамките на проектот “Инклузија на деца со ПОП”, спроведуван преку здружението за асистивна технологија “Отворете ги прозорците”, финансиски поддржан преку детската фондација Песталоци, беше организирана заедничка работилница, на која учество зедоа и претставници од Општинските основни училишта.

Меѓу другото беше потенцирано дека Центарот за поддршка на учењето секогаш е во служба на сите  училишта.

Задоволството од соработката е взаемно.“ стои во објавата.

 

Фото: официјална фб страна на ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ -Битола