Одбележувње на Денот на мајчиниот јазик

Светот го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност.

„Јазикот и верата се душата на еден народ“ – Крсте Петков Мисирков.

„Судбината на јазикот е и судбина на народот“ – Гане Тодоровски.

Македонскиот јазик денес е познат и афирмиран во светот со својата јазична структура и богат лексички фонд и има свое место во словенското јазично семејство. Нашата многувековна писмена традиција е најголемо сведоштво за посебноста на македонскиот јазик и самобитноста на македонскиот народ. Крсте Петков Мисирков, во 1903 година, во неговата „За македонцките работи“, поточно во петтата статија „Неколку зборој за македонцкиот литературен јазик“, го претставува првото нормирање на јазикот и основа за создавање на макеоднскиот литературен јазик. Неколку децении подоцна, врз тие темели, Блаже Конески го кодифицира (озаконува) македонскиот стандарден јазик. Како три најважни датуми поврзани со македонскиот јазик се 2. август 1944 година, македонскиот јазик е воведен како службен јазик на македонската држава. На 5. мај 1945 се усвои македонската азбука, на 7. јуни 1945 година, се озакони македонскиот правопис.

„Македонци! Јазикот е единствената наша татковина. Се` додека го чуваме, го негуваме, го вардиме и го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште“ – Блаже Конески.

Затоа што „без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме“ – Петре М. Андреевски.

„Да го чуваме нашиот јазик и да го браниме како светиња и да ја браниме татковината е наш долг и наше право“ – Мисирков.

Покрај Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на 26 септември се одбележува и Денот на европските јазици. Во 1998 година стапи во сила Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици со која, исто така, се потенцира лингвистичката разновидност и повеќејазичноста.

Сподели