Одбраната на Талески бара обезбедување докази од општината

0
1389

Денеска на рочиште во Основниот суд во Битола, поранешниот градоначалник Владимир Талески за предметот на Основното јавно обвинителство за Офицерскиот дом во Битола.

Одбраната на Талески  побара одлагање на главното рочиште. Сега се бараат документи од општината.

„Тоа се докази кои се однесуваат на одржувањето, сите преземени дејствија, каков бил Домот предаден на Општината, кога бил одземен и повторно предаден и сметаме дека постојат материјали кои ќе укажат дека градоначалникот се грижел за тој дом и преземал разни дејствија за негово реновирање, реконструкција”, рече адвокатот  Драги Пажик.

Сега Основиот суд од Општината ќе ги побара доказите и документите за состојбата на Офицерскиот дом за време на неговиот мандат. Следното рочиште е одложено за 29 март годинава.

Основното јавно обвинителство од Битола поднесе обвинение за Талески за кривично дело „несовесно работење во службата“ затоа што, иако бил должен да обезбеди одржување, не презел се што е потребно за заштита на Офицерски кој е во надлежност на општина Битола.