Одложена КЕМБРИЏ програмата, италијанскиот воведен како втор странски јазик во училиштата

0
521

На седница на Владата, од областа на образованието, министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата за одложена имплементација на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование од учебната 2019-2020 година, односно на програмата КЕМБРИЏ. На седницата беше усвоена и Информацијата за воведување на италијански јазик во основно и средно образование како можност за втор странски јазик.