Одложено дербито меѓу МЗТ Скопје и Пелистер заради позитивни случаи на ковид-19

Дербито од последното коло од основниот дел во Првата македонска лига меѓу МЗТ Скопје и Пелистер нема да се одигра.

Овој дуел беше закажан за утре од 19 часот, во „Јане Сандански“ и требаше да биде дерби на овој 22. круг, но е одложен поради позитивни случаи на корона во клубот од Аеродром. Досега се пријавени двајца, еден член на стручниот штаб и еден играч, но можно е претстојните денови оваа бројка да биде зголемена.

Ако нема дополнителни позитивни случаи, голема е веројатноста комесарот да го закаже натреварот за вторник, 6 април.

Сподели