Одложено рочиштетот за „Транспортер“

0
352

Повторно се одложи судењето за предметот Транспортер на Специјалното јавно обвинителство. Предметет се уште се наоѓа во Апелација која треба да одлучи по жалбата на одбраната за доказите на обвинителството. Екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески реагираше на бројните одложувања со кои се одолговлкува постапката.

„Ние сакаме што побрзо да се заврши оваа постапка, зошто ова е политичка хајка и нема врска со реалноста и допирна точка со сето она за што сме обвинети“ изјави Талески.

На денешното рочиште присуствуваше поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески, кој заедно со уште 20-тина лица се обвинети од страна на СЈО за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена штета од околу 360.000 евра.