Одложен мечот Силекс – Пелистер, снежно реми во Битола за Победа

0
344

Силекс и Пелистер не играа денес во Кратово, а причина е снегот и лошиот терен, кој е потопен во вода. Теренот е замрзнат и нема услови за игра. Силекс и неговите противници во пролетниот дел немаат многу среќа, бидејќи и премиерниот меч од продолжението на шампионатот со Скопје беше одложен поради обилни врнежи од дожд. Тогаш теренот беше потопен во вода, а сега е замрзнат.

Попладнево се одиграа уште три средби од 21. прволигашко коло. Единствено Шкендија успеа да освои три бода совладувајќи ја екипата на Академија Пандев со 1-0. Во Битола Победа беше на прагот на хаварија бидејќи гостите водеа со 2-0 и имаа пенал за 3-0. Но потоа прилепчани го свртеа ветрот во своја корист и на крајот средбата заврши со резултат 3-3.

Немаше победник и на Железарница каде Скопје и Ренова одиграа 1-1.