ТЕРА

REKLAMA???

ОДЛОЖЕН ШТРАЈКОТ, АВИОНИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ

Штрајкот на контролорите на летање што беше најавен за денеска е одложен и ќе нема прекини на летовите на аеродромите во Скопје и Охрид, ниту пак редуцирање на опслужувањето на прелетите, информираа синоќа од Министерството за транспорт и врски и Струковиот синдикат на контролорите на летање.

„Драго ми е што после повеќечасовни преговори во Министерството за транспорт и врски со менаџментот на М-Нав и Синдикатот при М-Нав (ССКЛ), донесовме заклучоци да дадеме сериозен пристап и простор за надминување на сите отворени прашања меѓу синдикатот и менаџментот.

Се согласуваме дека воздушниот сообраќај во ова време не смее да трпи и поради тоа најдовме заедничко решение штрајкот да биде одложен. Во меѓувреме продолжуваме со заеднички координации да работиме за целосно реализирање на превземените обврски од двете страни.
Министерството за транспорт и врски заедно со менаџментот на М- Нав стои на ставот за спроведување на барањата на Синдикатот“ рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.