Одржан турнир во брзопотезен шах

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска во Офицерскиот дом го отвори турнирот во брзопотезен шах, организиран од страна на Шаховскиот клуб Стево Патако од Битола и Шаховскиот клуб Прилеп.

Натпреварите во шах се одиграа на систем 9 кола швајцарски систем според ФИДЕ правилата за брзопотезен шах каде играчите добиваа по 5 минути со додаток 3 секунди по потег.

Првото место на турнирот го освои битолчанецот Гоце Гецовски, второто Кире Николоски од Прилеп, а третопласиран е Дејан Ѓоргески од Прилеп. Најдобро пласиран играч до 18 години е Марјан Христовски од Битола.

За најдобрите шахисти предвидени се парични награди.

 

Сподели