Одрон на патот Катланово-Велес

0
337

Во 09,55 часот се укина забрана за тешки товарни возила на планинскиот превој Стража.

На патниот правец Катланово – Велес кај манастирите, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 5 метри. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Забрани за тешки товарни возила има патниот правец Маврово – Дебар, како и на планинскиот премин и Пресека. Во 09,55 часот се укина забрана за тешки товарни возила на планинскиот превој Стража.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози наместа со остатоци од кашест снег.Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Гостивар, Маврово, Дебар, Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинскиот превој Пресека и Струга. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.