Одрон на патот Маркова Нога – Ресен, сообраќајот се пренасочува

0
516

На регионалниот пат село Макази, Маркова Нога – Ресен, поради одрони сообраќајот се пренасочува по споредни патишта.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

На патниот правец А2 Стругa – ГП Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до Добра Вода – село Франгово (во должина од 3 километри) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 километри на час.