Од Англија на фудбал во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Британскиот ди – џеј Дарен Емерсон викендов ја посети Битола, каде гледајќи фудбал уживаше со ладно пиво, а ние успеавме кратко да го оттргнеме од фудбалот и да поразговараме со него.

Пред се добредојде во Битола. како се чувствуваш тука во Македонија?

– Па штотуку стигнав, патував цел ден и дојдов тука да гледам фудбал и Англија ја собори Шведска па сум многу среќен. И добро е тука, подоцна сакам да одморам малку за да имаме добра забава вечер.

Гледаш Фудбал?

– Да, да гледам и тоа многу еуфорично а тука позади мене имаше швеѓани и ми велеа потивко ама неможев да ги соберам емоциите но навистина го сакам ме прави среќен.

Од 1991 до 1999 беше член на групата „Underworld“, од тогаш до сега како се гледаш себеси во музиката?

– Па продолжувам да го правам она што го правам, кога бев со момците во групата имав прекрасно време многу убав период, но потоа морав да продолжам понатаму и да правам различни работи но што и да правев го правев со цело срце и душа, тогаш работевме на албуми и супер беше но ете продолжувам со истото сега треба да излезе мојот нов албум , но знаеш како, се што правам правам со страст ете таков сум правам тоа што можам.

Дали си слушнал македонска музика и дали ти се допаѓа?

– Не, да бидам искрен не, но сум бил тука неколку пати во минатото …

Ете како идеа, можеби ќе направиш некои ремикси со македонски мелос.

– Па би требало, дај ми некое цд за да можам да слушнам.

И за крај претпоставувам дека вечерва одиш за Охрид.

– Да ќе одам таму на уште една пијачка за славење после фудбалот, а ќе возам до таму и сакам да спијам многу патував.

Но од спиење нема мемории.

– Да, ама стареам сега ми треба мир одмор и кревет, но знам дека вечерва ќе биде убава вечер и времето е убаво затоа сум сигурен во тоа.

И една порака до нашите гледачи.

– Ви благодарам за поддршката, од каде и да сте дојдете на журката и се гледаме наскоро.

Ви благодарам за издвоеното време и имај убав престој во Македонија.

– Ви благодарам и вас.

Share.