Од Брисел го уценувала со 200 евра за да не објави слики и видеа на Фејсбук

0
345

На 05.03.2018 година во 10.00 часот во Полициската станица Крушево, триесет и четири годишен жител на Крушево пријавил дека на 03.03.2018 година, од страна на женско лице од Брисел, Белгија, добил неколку пораки со уценувачка содржина, кои му биле испратени од нејзиниот фејсбук профил. Таа го уценила дека доколку не уплати 200 евра до 10 часот преку Western union, во Брегот на Слоновата коска, пријавената на социјалната мрежа фејсбук и Скајп ќе објави слики и видео матријал со кои ќе му наштети на честа и угледот на пријавителот.