Од владата демантираат дека има поделба по прашањето на името

0
379

Не постојат никакви поделби и разногласија во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Владата е цврсто определена, единствена и посветено работи на решавање спорови, како и на јакнење на достоинството и идентитетот на граѓаните на Македонија, велат од Владата.

„Премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и целокупниот состав на Владата на Македонија се на иста, единствена линија. Владата и сите нејзини членови заедно дејствуваат кон исполнување на стратегискиот идентитет на Република Македонија, членство во НАТО и ЕУ и низ тој процес на обезбедување подобар живот на сите граѓани на нашата земја“, велат од Владата на Македонија.