Од денес до 24 април системска дератизација во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од денес до 24 овој месец, на подрачјето на општина Битола ќе врши превентивна систематска дератизација.Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола информираат дека превентивната систематска дератизација претставува општа против епидемиска мерка која се реализира секоја пролет и е во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести.

Со дератизацијата ќе бидат опфатени подземниот канализациски систем со ревизионите и прифатните шахти во сите реони на градот, прифатниот канализациски систем во околината на објекти од јавен интерес како што се детските градинки, основни, средни и високо образовни институции, Домови за сместување и престој на ученици и студенти, Домови за сместување на стари и изнемоштени лица, Домови за деца без родители и за деца со посебни потреби, медицински установи, јавни претпријатија, банки, објекти од областа на културата, објекти на локалната самоуправа и други општински објекти.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола посочуваат дека пролетната превентивна дератизација ќе се врши и во канализацискиот систем на колективните станбени објекти како и на јавната депонија „Мегленци“ и диви депонии во градот.

Активностите на теренот ги спроведуваат екипи обележани и заштитени со знаци за предупредување, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.

Share.