Од дома ни се гости во Ритамот на градот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Деновиве на социјалните мрежи со вклучување во живо и изведување на музика за нивните фанови, групата Молика и Анета Мицевска, секој ден преку музиката сакаат да го пополнат времето на луѓето додека се дома. Со видео порака од својот дом Анета Мицевска преку Ритамот на градот ги повика и своите фанови и гледачите на Тера да ги следат препораките од надлежните и да ја слушаат нивната музика.

– 16 годишната битолчанка Викторија Брдаковска, голманка на женскиот фудбалски клуб „Атлетико“ од Битола, а е ученичка во ОСМУ „Д.р Јован Калаузи“ од Битола, до нашата редакција испрати видео преку кое сака да упати порака до нејзините врсници да ги почитуваат мерките за вирусот корона.

– Популарната фолк пејачка Елена Велевска на својот Фејзбук профил сподели видео од битолчанецот Филип Коруновски кој ја изведува нејзината песна „Остани“ само со пијано придружба, и порача останете дома и музицирајте.

Share.