Од издадени 20 одобренија за градба во пелагонискиот регион во август, 8 се во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во август оваа година е зголемен бројот на издадени одобренија за градење во споредба со минатата година. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, во август 2019 година се издадени вкупно 210 одобренија за градење, што е за 9.4 % повеќе во однос август претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 326 990 илјади денари, што е за 53.7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупно 210 објекти, на 145 или 69,1 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 65 или 30,9 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 136 (64.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 18 (8.6 %) за објекти од нискоградба и 56 (26.6%) за објекти за реконструкција.

Објавените податоци покажуваат дека во пелагонискиот регион се издадени вкупно 20 одобренија од кои 12 гласата на физички лица, а осум на деловни субјекти. Предвидената вредност на овие објекти изнесува 150 912 денари. Од вкупниот број одобренија, 8 се во Битола, исто толку се издадени во Ресен, две одобренија се издадени во Прилеп, а по едно во Долнени и Крушево.

За споредба со останатите региони во скопскиот се издадени 49 одобренија, во Полошкиот 33, Вардарскиот 24, Југоисточниот 22, Источниот 13 и најмалку во Североисточниот четири.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 278 станови, со вкупна корисна површина од 24 728 кавдратни метри.

Во пелагонискиот регион бројот на станови предвидени за градење е 12 од кои 8 се во Битола со вкупна корисна површина од 869 метри квадратни.

 

Share.