Од концертот на Каролина со Македонската филхармонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ова е само краток дел од магијата која што се случуваше на вториот концерт на Каролина со Македонската филхармонија.
Публиката во салата на Македонската филхармонија ги пееше песните на Каролина во еден глас заедно со неа, а Гочева за прв пат настапи со оркестарот на Македонската филхармонија, со нејзиниот комплетен бенд и со придружните вокали.

Квалитетот, богатиот звук и убвата слика на концертот не му ја дадоа само оркестарот, бендот, песните и изведбата на Каролина, туку и моментот колку таа уживаше во двочасовното музичко патување. Нејзината среќа ја почувствува и публиката, па настанот кој романтично почна, еуфорично заврши со песна која никој не ја очекуваше , „Ајде да летаме“.

На претходните нејзини концерти таа ги изведуваше песните од албумите „Македонско девојче 1 и 2“ ,како и актуелниот „Извор“. Но, на овој концерт со нејзините песни ја прошета публиката низ времето која имаше можност да слушне дел од нејзините стари поп-хитови, како баладата „Капка под небото“, евровизиската „Од нас зависи“, „Умирам без тебе“, па и „Без оглед на сѐ“, која е стара речиси 20 години. Секако, беше привилегија да се слушнат и поновите „Ѕвона“, „Кој да ми запее“ и „Бели цветови“ во една ваква, полна верзија, со орекестар и бенд. За новите аранжмани во оркестарска верзија, заслужен е Никола Мицевски, авторот на песните на двата последни албуми на Каролина.

„Вие сте прекрасна публика. Ме исполнивте со голема среќа. Вечерва нема да можам да спијам од возбуда, благодарение на вас“, рече Каролина на бисот, по кој фановите ја испратија со неколкуминутен стоечки аплауз.

Share.