Од Могила тргна караванот „Спортот и семејните вредности“

0
1186

Спортскиот хепениг „Спортот и семејните вредности“ започна од општина Могила . Хепенингот годинава се одржува по трет пат а е во организација на Агенцијата за млади и спорт и  Сојузот на спортските федерации на Македонија Настанот го отвори претседателот на Сојуз на спортски федерации Наташа Илиевска Јордановска кој изрази задоволство од масовноста и од подготвеноста на посетителите да спортуваат и низ заедничка дружба да ги промовираат спортските принципи.

Во спортската сала во општината присутни беа 120 деца од 8 до 10 години , кои што преку игра ги одгатнуваа спортските задачи кои што им беа зададени.Младите се натпреваруваа  во повеќе друштвени сортстки игри  ,на крај сите беа победници , и за сите имаше спортски реквизити како награда.

Низ ревијалните спортски натпревари децата од публика ги бодреа родителите заедно со наставниците.

 

Од страна на Сојузот на спортските федерации на Македонија сите подрачни училишта кои што функционираат во рамки на подрачното Гоце Делчев од Могила  добија по 12 топки.

Проектот  „Спортот и семејните вредности“ започна од општина Могила а до крајот на годината ќе се одржи уште во 5 општини од државата.