Од недела промена на времето

0
1346

Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува денес во 17:15 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
Денес денот ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути.
Пролетта ќе трае до 21 јуни.
Летното сметање на времето, ќе започне викендов ноќта меѓу 24 и 25 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.По многуте дискусии околу укинување на летното и зимското сметање на времето европскиот парламент го одобро предлогот , но конечната одлука за тоа треба да ја донесе Европската комисија.

Европратениците бараат Европската комисија да го поддржи ваквиот предлог, која досега се залагаше за задржување на сезонското сметање на времето .
Инаку летното и зимското сметање на времето како предложен систем пошироко бил применет пред точно еден век, со што во Европа била прифатена конвенцијата зимското сметање на времето да почнува последната недела на октомври и да трае до последната недела од март.

Ова правило, прифатено е и кај нас со носење на Закон за сметање на времето во 1996 година, во најголема мера се однесувало на потребата за користење на повеќе дневна светлина во текот на денот.
Ова генерално им оди во прилог на компаниите од земјоделскиот сектор и други дејности кои се поврзани со потребата од повеќе дневна светлина.

Според некои истражувања на овој начин се влијаело на заштеда на електрична енергија со намалување на периодот на вештачко осветлување, некаде и со заштеда во потрошувачката на нафта, секако влијае и на продуктивноста на работната сила, што од економска гледна точка е многу важен параметар.