Од пад на БДП во првата половина, до раст во четвртиот квартал

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Согласно податоците за бруто домашниот производ (БДП) за изминатата година од Државниот завод за статистика на Република Македонија, може да се заклучи дека со имплементација на реформските политики, економијата во државата почнува да расте.

Со наследеното намалување на економијата за 1.3%, Владата на Република Македонија отпочна инклузивен процес за реанимација на економијата во државата. Во последната четвртина од 2017 година, бруто домашниот производ во земјата порасна на 1.2%. Овој раст го одразува враќањето на стабилноста и довербата.

Стабилизацијата на економијата и забрзувањето на растот на бруто домашниот производ во четвртото тромесечие јасно покажува дека економските политики на Владата на Република Македонија ја засилуваат економијата. Во 2018 година се очекува раст на економијата од 3.2% и Владата на Република Македонија работи на создавање услови и можности за овозможување на таквиот раст и негово интензивирање во следните години, соопштија од Владата на Македонија.

Share.