ТЕРА

REKLAMA???

ОД ПЛАДНЕ НЕСТАБИЛНО СО ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ

Утрово 10 степени во Лазарополе, 12 Попова Шапка, 13 Маврови Анови, 16 Охрид, Крушево, Берово, Тетово, Крива Паланка, 17 Демир Капија, Претор, Дебар, 18 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, Струмица, Виница, 19 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, 20 Штип, Кавадарци.

Најмногу дожд 12 л/м2 наврнаа во Скопје-Петровец, 8 Виница, 7 Пожаране, Маврови Анови, 6 Тетово, 4 Скопје-Зајчев Рид, 2 Куманово.

Променливо облачно, во првата половина од ноќта имаше локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во раните утрински часови имаше стабилизирање на атмосферата. Утрово е сончево со мала до умерена, а во југозападните делови има зголемена облачност. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. Во Битола до 28 степени.