Од понеделник 3 октомври до 17 окотомври екипи на Центарот за јавно здравје од Битола ќе ја спроведат втората фаза од превентивната системска дератизација, односно поставување на отровни мамци за уништување на глодари(глувци) на подрачјето на Општина Битола. Дератизацијата Центарот за јавно здравје ја врши согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот за спроведување на превентивна системска дератизација на територија на Битола како општа против епидемиска мерка.
Со дератизацијата ќе бидат опфатени:
– подземниот канализационен систем со ревизионите и прифатните шахти во сите реони на градот;
– прифатниот канализациски систем во околината на објекти од посебен јавен интерес: детски градинки, основни, средни и високо образовни институции, домови за сместување и престој на ученици и студенти, домови за сместување на стари и изнемоштени лица, домови за деца без родители и за деца со посебни потреби, медицински установи, јавни претпријатија, банки, објекти од областа на културата, објекти на локалната самоуправа и други;
– прифатен канализациски систем на колективните станбени објекти во горенаведените реони;
– дератизација на депонијата „Мегленци”
Дератизацијата ќе се изведува со поставување на родентициди, парафински блокови( отровни мамци) во канализационите шахти.
Со цел успешно спроведување на дератизација како и да се избегнат евентуалните несакани последици од Центарот за јавно здравје со апел до граѓаните да ги превземат следните мерки:
– граѓаните, а посебно учесниците во сообраќајот на екипите од Центарот за јавно здравје да им овозможат непречен пристап до шахтите;
-во текот на спроведување на дератизацијата да се оневозможи пристап на населението до местата каде е спроведен и означен дератизациониот процес;
-строго се забранува контакт, преместување и отстранување на родентицидните мамци;
-да се оневозможи контакт на домашните животни и миленици со родентицидните мамци;
-граѓаните ѓубрето од своите домови да не го растураат вон контејнерите;
-доколку дојдат во контакт со мртви глодари да не ги фаќаат и фрлаат, туку да се јават во отсекот за ДДД во Центарот за јавно здравје Битола.
Во случај на неповолни временски услови дератизацијата се одложува за следниот работен ден, се вели во информацијата од ЦЈЗ Битола.












