Од понеделник во Битола прскање против комарците

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемијска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола соопштува дека во периодот од 20.09.2021 (понеделник) до 24.09.2021год, екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат четвртата фаза од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20.00 до 01.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи  друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.

Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

За овие активности Центарот за јавно здравје -Битола ги извести медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции, локалната самоуправа и сите останати надлежни институции.

Во случај на појава на неповолни временски услови(ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Сподели