Од понеделник граѓаните на Демир Хисар и Крушево добиваат свои регистерски ознаки за возилата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерството за внатрешни работи излезе во пресрет на граѓаните на општина Демир Хисар и општина  Крушево и го одобри барањето за добивање  на сопствени регистарски ознаки на возилата.

Донесена е одлука за изменување на правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивни ознаки кој е објавен во Сл. весник и стапува во сила осмиот ден од  денот на објавувањето.

За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е DH, а за регистарското подрачје Крушево ознаката  на регистарските таблици е KS.

Share.