Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемиска мерка, екипи од Центарот за јавно здравје-Битола, од понеделник 24 јули до петок 28 јули ќе ја спроведуваат втората фаза теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на возрасни форми на комарците.
Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21:00 часот вечертта до 04:00 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му претходи друго возило означено со ротационо светло.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градско подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставени до општина Битола.
Во случај на неповолни временски услови како ветер, дожд, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен де, се вели во соопштението од Центарот за јавно здравје Битола.












