Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и до крајот на денот со локален дожд, а на планините во западните и северните делови со локален снег.
Поради значително заладување во текот на ноќта во северните делови ќе има услови за провејување на снег и на повисоките места. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.
Утре ќе настапи преодно стабилизирање, а времето ќе биде променливо облачно и студено. Под влијание на нов влажен бран во среда ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. На места, особено во западните делови, врнежите ќе бидат пообилни.
Од четврток температурата ќе биде во пораст, но ќе има услови за магла и значителна ниска облачност по котлините. Врнежи од дожд повторно се очекуваат во сабота.












