Од попладне пороен дожд и грмежи

0
213

Денеска  променливо облачно и топло со повремен слаб локален дожд. Попладне на места врнежите ќе бидат поројни со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот и во ноќните часови ќе го промени правецот во северозападен. Поинтензивни врнежите ќе бидат во ноќните часови. Утринските температури од 2 до 9, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 18 до 24 степени.

Врнежите ќе продолжат во текот на ноќта, во петок и во сабота претпладне. Поинтензивни врнежи се очекуват во северните и источните делови, ноќта четврток кон петок и во петок. Во петок ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури. За време на Велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло.