ТЕРА

REKLAMA???

ОД СЕПТЕМВРИ ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЕСМ

Од септември вработените во АД ЕСМ ќе добијат  за 15% повисоки плати. Денеска на одбележувањето на Денот на рударите во РЕК Битола на спогодбата за измена на колективниот договор на ЕСМ потпис ставија генералниот директор на ЕСМ Васко Стефанов и претседателот на синдикалната организација, Јове Смилевски. Со оваа спогодба платите на вработените се зголемуваат за 15% почнувајќи од септемвриската плата. 

Ваквата Спогодба е потпишана по неколку месечни интензивни преговори помеѓу Управниот одбор на АД ЕСМ и Синдикатот на АД ЕСМ.

Оваа зголемување на платите вработените во АД ЕСМ  го добиваат после зголемувањето од 5% во јануари 2020 години. Претходно платите во АД ЕСМ не беа покачени од 2009 година .