Од синоќешниот концерт на Дувачкиот оркестар во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Композиции наменети за дувачки оркестар, канцони и арии синоќа беа изведени пред битолската публика на концерт кој за прв пат го одржа Дувачкиот оркестар од Битола, заедно со дувачкиот оркестар од Музичкото училиште, Детскиот хор Ѕвончиња и двајцата солисти Дамјана Апостоловски и Александар Гацоски, а под раководство на професорот и диригент Марјан Бакревски.

Овој оркестар последниов период е активен на повеќе настани, кои се значаен дел од културното живеење во градот. Реактивирањето на Битолскиот дувачки оркестар започнува некаде околу 2015 година, а е на иницијатива на професорот Марјан Бакревски кој по повеќе годишна работа во различни оркестри во странство се враќа во Битола и застанува на чело на овој оркестар.

Инаку поседниов период овој оркестар е присутен на повеќе културни настани, а изведуваа и свои точки на Широк сокак каде ја дополнуваа гратската атмосфера, привелкуваа позитивни реакции кај минувачите и уште еднаш потсетија дека Битола е музички град.

Share.