ОД СИ-ДО ДО САН РЕМО-ТАЛЕНТИРАНАТА АНА ВАНЧЕВСКА НА ПРЕСТИЖНИОТ ИТАЛИЈАНСКИ ФЕСТИВАЛ
19 април 2024, 8:19 pm
2663 прегледи
Array
Битолчанката Ана Ванчевска беше единствен претставник на Македонија на престижниот интернационален фестивал ” Сан Ремо Џуниор“2024 -Италија. Таа има 13 години, ученик е во ОУ.Даме Груев, изучува виолина во Државното музичко училиште во Битола. Интернационалниот музички фестивал традиционално по 15ти пат се одржа во италијанскиот приморски град Санремо.
Фестивалот е наменет за деца од 5 до 15 години. Годинава имаше натпреварувачи од 26 земји ширум светот. Индонезија, Молдавија, Казахстан, Словачка, Малта, Австралија, Америка, Франција и многи други. Во текот на месец декември 2023 година имаше јавен повик за пријава за учество на овој престижен интернационален фестивал во Италија. Ана уште од 5 годишна возраст настапува на детскиот музички фестивал Си-До во Битола а преголемата желба да настапува на големи сцени ги поттикна родителите да испратат композиција која ја снимија во студиото на Дарко Шерденков. Кон крајот на Јануари добиле официјална потврда за приемот на Ана во финалето на овој фестивал. Од тој момент започнале подготовките за нејзиниот настап. Започнале со часови кај професорката по соло пеење Марина Коруновска која со сета своја посветеност, професионалност и љубов успеа да го извади најдоброто од Ана.За креацијата се погрижи Ателјето Емилија Ангеловска. Фестивалот Сан Ремо јуниор е подржан од Претседателот на Италија, Министерството за култура, УНЕСКО и УНИЦЕФ.