Од скок до лет

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Од скок, до лет“, беше темата на уметничките дела на Снежана Мелник од Украина, која веќе 5 години живее во Скопје, а деновиве својата изложба за прв пат ја постави во Битола во Друштвото на ликовните уметници од Битола.

„Како уметник фасцинирана сум од Битола, град со убава архитектура и многу историја“, посочува Мелник.

Испрати и една порака до младите уметници, „Да го следат својот сон“.

Овие дела на Мелник се работено во сликарска техника акрил во комбинација на темни и сиви бои во манир на современ стрип или пештерска уметност. Изложбата ќе биде поставена во ДЛУБ до 29 декември.

Share.