Од снимањето на „Божиќната серенада“ во Битола

Шесттата по ред возобновена Божиќна песна , „Божиќната серенада“, се снимаше на локации во Битола.

За истата режисерот Дејан Пројковски напиша: „Од срце им благодарам на сите добри луѓе кои помогна во реализацијата на овој видеозапис“.

Продукција  која стои зад видеото е 2С Студио Стојан Стојановски, кој стоеше и позади камерата, па преубавите кадри од Битола се негово и дело на асистентот на камера Александар Котевски.

„Чест ми е што како 2S Studio застанавме зад овој проект со благослов на Владиката Партениј од Бигорски Манастир Св. Јован Крстител, а уште поголема чест е да се работи со Дејан Пројковски и Горан Наумовски и секако со Аце Котески. За кратко време имавме голема задача да снимиме музичко видео, серенада, кое ем ќе го врати времето назад некогаш во Битола, ем да пренесе топлина до секој за бадниковиот ден. Секако благодарност на сите кои учествуваа во спотот и одличната комуникација, организација и соработка во Битола. Се надевам дека ќе ви се допадне“, истакна Стојановски.

Актерската екипа беше составена од :Никола Стефанов, Благица Пупуноска, Ања Сливоски, Соња Михајлова, Митко С. Апостоловски, статисти членовите на КУД – Илинден Битола.

„Голема чест и задоволство претставува за мене што сум дел од овој тим  за овој проект. Ова е 6та Божикна каланда со која се слави Христовото раѓање која е работена со благослов на Владиката Партениј од Бигорскиот манастир. Погледнете ја Божиќната серенада и уживајте“, истакна Благица.

Божиќната серенада во себе го носи специфичниот богат византиски мелос. Ја пееле возрасните коледари коишто оделе од куќа до куќа и весело ги повикувале домаќините да одат во црква, таму да го прослават Раѓањето Христово и потоа да го понесат големиот благослов дома.

Фотографии: 2С Студио

Неда Маретиќ

Сподели