Снимањето на спотот за третата верзија на „Вечниот Бог“ отпеана од Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно славејче – заврши.
Дејан Пројковски е режисер на спотот, Горан Наумовски – директор на фотографија и Стојан Стојановски – камера и продукција.
Од „Бадникови повокни“ информираат дека подготовките за Бадниковите поворки на радоста што на 6-ти Јануари ќе чекорат низ улиците на 62 градови и населени места во Македонија, се во завршна фаза.












