ТЕРА

REKLAMA???

ОД УТРЕ ДНЕВНИ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 18 СТЕПЕНИ

Денеска беа измерени следните максимални температури. 0 степени на Попова Шапка, 3 Тетово, Маврови Анови, 4 Крушево, 5 Лазарополе, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 6 Крива Паланка, Берово, 8 Гевгелија, Штип, Демир Капија, Струмица, 9 Виница, Битола, Претор, 10 Прилеп, Охрид.

Времето денеска беше облачно и студено со слаб до умерен претежно јужен ветер. Од пладневните часови вдолж Повардарието и на поголемите височини започна да дува засилен ветер претежно од југоисточен правец кој во штипско доцна попладне има удари и до 65 км/час.

До крајот на денот облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планините врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието и на поголемите височини ќе засилува.

Утре во утринските часови со појава на локален дожд во западните делови, а во текот на денот променливо облачно со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Од утре до сабота утринската и дневната температура ќе бидат во пораст. Само во дел од котлините со појава на магла или значителна ниска облачност дневната температура ќе остане пониска. Врнежи од дожд ќе има во сабота, а од недела ќе биде постудено. Дневните температури ќе се искачат и до 18 степени.