Каде да работите во странство зависи од вашите интереси, вештини, потекло и цели за вашата иднина. Иако Корона пандемијата покажа дека секој од секаде може да работи сешто, сепак популарноста на преселување во други земји не се намали во светот, напротив. Во Македонија општ е заклучокот дека секој живее овде но сонува да работи и живее на некое егзотично или само побогато место.
Страницата Go Abroad или во превод „ОДИ СТРАНСТВО“ годишно анализира одредени параметри за животот на иселениците во земјите во светот и ја донесува листата најдобри земји за иселување.
Јужна Кореја е на прво место годинава. Вели „Ако сакате да работите во странство како професор по англиски јазик, не прескокнувајте ја Јужна Кореја. Јужна Кореја е една од најдобрите земји во светот за живеење и работа поради нејзината растечка економија, различното население, привлечната култура и отвореноста кон странците.“
На второто место е Франција која е одлична земја за работа во странство поради високиот животен стандард, прекрасните градови и пејзажи и големата иселеничка заедница. Чести и добро разработени се позициите au pair или туторство, па вреди да се вложи труд за да се добие работа во оваа високовлијателна земја полна со култура и мода.
Многумина наоѓаат работа во Јапонија како професори по англиски јазик, но дали знаевте дека има побарувачка и за инструктори за скијање и сноуборд? Ако сте голем љубител на отворено, размислете да патувате на работа во некои од најголемите скијачки центри во светот. И парите им се вредни и културата бескрајна.
Канада е високорангирана четврта на листата, не само заради големата македонска заедница таму. Најпрвин лесно се добива виза (ако не сте од Балканот) и има достапни места во туризмот, угостителствоо, образованието и здравствената индустрија.
Германија не треба да се занемари кога одлучувате каде да живеете и да работите во странство! Имате големи шанси да се вработите бидејќи економијата е силна, а невработеноста е мала. А еве неодамна паднаа и цените на храната. Земјата бара осигурување за сите, претежно е добредојдена за странци и имигранти и има можности кои се движат од наука за податоци до советување во кампот. Затоа Германија е една од најдобрите земји за работа во странство!
За живот и работа надвор од родното место многумина го избираат Сингапур – се смета за едно нод најчистите и најбезбедните места во Ација, мека за тие на кои културно разновидно интересно место им е предизвик. И Еквадор е вброен во интересните места за живот и работа. Кон крајот на листата е Обединетото Кралство / Велика Британија – многумина ја избегнуваат во овој век. Ако успеете да добиете виза, може да одите на одмор. Работните места се пополнети од новите членки на Европска Унија, но затоа пак фунтата е вредна.
Македонија – не е на листата иако има интересна историја – на празници и неработни денови по различни поводи.
За илустрација – утре 9 април е неработен ден заради верскиот муслимански празник Рамазан Бајрам . Не таа идната недела туку другата среда, на 24 април не се работи заради првиот круг претседателски избори. И 1 Мај е во среда, не се работи, а Величетврток, Велипеток се тешки донови за православците кои го слават Велигден, заради кој во понеделник на 6 мај не се работи. Циклусот неработна среда завршува на 8 мај , со вториот круг претседателски , односно парламентарните избори. И не смее да се превиди дека во ова едномесечно меѓувреме има 4 неработни викенди.












