Јавното претпријатие „Стрежево“ информира на од утре 15 април стапува во сила забраната на лов на сом на акумулацијата “Стрежево”
„Врз основа на Решението издадено од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во согласност со Годишниот план и Риболовната основа за акумулација Стрежево, од утре до 15.06.2024 година е забранет ловот на сом – Silurus glanis (Linnaeus,1758).
За акумулацијата “Стрежево” не се пропишува тотална забрана за риболов во фиксен временски период за сите видови риби.
Почетокот и времетраењето на ловостојот се пропишува со цел да се оневозможи ловење на риба во време на мрестот“ велат од „Стрежево“.












