Од утре превентивни мерки против коронавирусот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за заразни болести.

Тој потенцираше дека Македонија нема директни летови со Кина, регионот каде е епицентарот на коронавирусот, што значи дека луѓето кои доаѓаат од таму веќе поминале неколку скенери, на различни аеродроми.

Патниците од летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со Кина, ќе се скенираат со термалната камера. Нашиот аеродром согласно последните евалуации, има највисоко ниво за детекција и рано препознавање, рана изолација, доколку кај евентуалните пациентите се најдат вакви симптоми, вели Филипче.

Ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед. Се очекува и лажно позитивни резултати, бидејќи е сезона на грипови – потенцираше тој.

Утре ќе биде објавен и телефонски број, каде можат да се јават лица кои сметаат дека ги имаат симптомите на корона вирусот, со цел да не се јавуваат кај матичните лекари, туку кај стручните медицински екипи кои ќе бидат ангажирани.

Share.