Од утре се очекува снег на планините, a од вторник намалување на температурите

Од утре се очекува снег на планините, од вторник намалување на температурите вака денеска информираа од УХМР. Денес времето беше Претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура беше во интервал од 8 до 12 степени. Во Битола денес минималната температура беше 5, а максималаната дневна 9 степени.

Метеоролозите најавуваат дека во следните денови под влијание на циклонска активност во Медитеранот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни и поројни.

Утре ќе има врнежи од дожд особено во западните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува да се формира снежна покривка. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни. Од утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер (над 60 км/час) од јужен правец, што за време на викендот ќе услови повисоки температури.

Минималната температура ќе се движи од 0 до 7 степени, а максималаната дневна од од 2 до 11.

За време на викендот ќе имаме Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.Минималаната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималаната од 11 до 16.

Во понеделник се очекува Променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец. Попладне на планините врнежите ќе преминуваат во снег.

Од УХМР информираат дека Од вторник под влијание на студен бран ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурите.Минималаната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а макасималаната дневна од 3 до 10 степени.

Сподели