Од утре снег и студено време

0
1892

Oд утре ќе бидеме под влијание на многу студена и влажна воздушна маса што ќе услови заладување и врнежи од снег во целава земја. Пообилни врнежи ќе има утре во текот на ноќта и во понеделник претпладне кога насекаде ќе се формира снежна покривка (на
пониските места околу 10-15 см, а на планините ќе се зголеми и за над 30 см). Ќе дува умерен, долж Повардарието и засилен северен ветер. Во вторник слаби врнежи од снег се уште ќе има само во западните делови од земјава. До четврток температурите ќе бидат значително под
просекот за овој период од годината.