Изведувачот Стентон Градба ДООЕЛ Битола информира дека од 13.01.2023 година започнуваат градежните активности за потребите на проект “Изградба на мост над реката Драгор на ул.Довлеџик во Битола”, поради тоа мостот над реката Драгор на ул. „Довлеџик“ нема да биди во функција и ќе се користи девијацијата која е соодветно означена со сообраќајни знаци.
За тешки товарни возила со товар 7.5 тони ќе се користи обиколницата кај бензинската “Лукоил” кон Охрид и бензинската “Пелагонија Петрол” кон Скопје на излезот кај село Крклино, се вели во соопштението од Стентон Градба.
Фото:Архива












