ТЕРА

REKLAMA???

ОД УТРЕ ЌЕ СЕ ЧИСТИ, ОПШТИНАТА СО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО АКЦИЈА

Општина Битола, ЈП „Комуналец“, КЈП „Нискоградба“ и ЈКП „Водовод“, од утре започнуваат со спроведување на активности во рамките на „Неделата на пролетта”.

Активностите, во вторник започнуваат со чистење на диви депонии кај германските гробишта и месноста Кркардаш, а во среда планирано е уредување на Градскиот парк и замена на клупи и канти за отпадоци низ Широк Сокак.

Почетокот на пролетта ќе го означи и засадувањето на садници во Новиот парк во Нова Битола, а во петок, започнува со редовна работа кугланата во Спортската сала „Боро Чурлевски”.

„Неделата на пролетта”, го најавува почетокот на неколку проекти, кои се однесуваат на хортикултурно и инфраструктурно уредување на повеќе локации, кое општината ќе продолжи да го реализира од идната недела, соопштија од Општина Битола.