Од 1 февруари посебен режим за влез на Клиниката во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од 01 февруари оваа година Клиничка Болница- Битола ќе има посебен режим за влез.  Тоа значи дека:

1. Пациентите кои имаат потреба од амбулантски лекарски преглед задолжително прво да се обратат на пунктот за информации пред влезот на болницата од каде ќе бидат упатени до амбулантите.

2. Електронските  врати ќе бидат отворени само од 15-17 часот за време на посета.

3. Секој кој има потреба од секојдневно посетување на тежок болен ќе влегува со издадена пропусница.

4. Се задолжуваат студентите од ВМШ исклучиво да го користат влезот кој е наменет за нив.

5. Сите вработени ќе влегуваат со посебно издадена пропусница.

Од клиниката велат дека ова се спроведува за подобар ред и работа во болницата и заради тоа ги замолуваат сите посетители за разбирање.

Share.