Од 1 јули Грција го отвора и граничниот премин Ники-Меџитлија

Градоначалникот на грчката општина Преспа, Панајотис Пасхалидис, преку објава на Фејсбук најави отворање на граничните премини Ники (Меџитлија) кон Македонија и Кристалопиги кон Албанија, пишува порталот florinareport.gr.

Веста од Атина ја пренеси и дописничката на агенцијата МИА.

„Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники“, напиша Пасхалидис.

Во последниот период, особено стопанствениците и од двете страни барале што поското отворање на преминот Ники-Меџитлија.

Засега, од граничните премини меѓу Македонија и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица).

Сподели