од 1200 до 1600 за дочекот на Новата Година

0
545

На уште неколку дена сме до прославата на Новата година. Порано велеа дека започнува новогодишната еуфорија, но од година во година како да ја нема, а причините повеќе и добро познати, за некои објективни, за други субјективни.
Нова година е денот што го одбележува почетокот на новата календарска година. Римската нова година е на 1 март, а овој ден се прославува на различни начини во многу култури.

Во земјите кои го користат Грегоријанскиот календар, првиот ден од новата година паѓа на 1 јануари. Овој датум како прв ден од новата година е проширен низ целиот свет, дури и во земјите кои слават друг ден како почеток на новата година (на пример Кина и Индија). Прославата на новата година се случува вечерта наспроти 1 јануари, односно на 31 декември, и се смета за најголем настан проследен со големи огномети.

Во Сиднеј на полноќ се користат околу 80.000 огномети, и има повеќе од милион и пол посетители, а во 2009 година овој настан беше најгледан преку телевизија. Во Лондон покрај впечатливиот огномет, новата година ја најавува и удирањето на часовникот Биг Бен, кој означува полноќ. Во Њујорк, прославата се одвива на плоштадот Тајмс Сквер. Во Единбург прославите траат четири дена, додека во Скопје, веќе традиционално новата година се дочекува на плоштадот во центарот на градот.

Се вели дека традиционален белег на Новата година е новогодишната елка која се поставува во главната соба и околу која се празнува овој ден, но секако и приказната за Дедо Мраз.

Бидејки елктите од поодамна се готови, кај нас традицијата вели дека белег на новогодишната ноќ е прославата, најчесто во ресторан, во кафе баровите, а во поново време и на плоштадите.

Оние кои сакаат да ја дочекаат новата година во кафеана. Во Битола цените се движат од 1200 до 1600 денари. Кај едни со вклучен пијалок, кај други само храната. Но има и такви кои за дочекотот на Новата Година, годинава понудија цена само за влезница а останатото по желба на гостинот.

Годинава ако што веќе објавивме дочек на магнолија оваа годинава ќе биди со Боемите, а откако ќе ја дочекаме ќе правиме планови за првата и втората реприза, па за Коледе, па за Василица и се така до Водици. Па среќни празници!