Од 22 до 27 јуни ќе се одржи Интернационалниот фестивал на Монодрама

„Зад отворени врати“ е мотото на Интернационалниот Фестивал на Монодрама кој ќе се одржи во Битола од 22-ри до 27-ми јуни.

Рефлекторите ќе се вклучат на 22-ри јуни, на неколку сцени низ Битола, а Интернационалниот Фестивал на Монодрама ќе живее 6 денови зад отворени врати со своја официјална и офф програма.

10 монодрами во официјална конкуренција, сите продуцирани во нашата држава, зошто патувањата за гости од странство е сѐ уште проблематично, а е и добра поддршка за домашната театарска продукција. Ќе имаме и еден танц перформанс во офф програмата и премиера на класична театарска претстава во чест на наградените, вели актерот Петар Мирчевски кој е селектор на фестивалот.

Програмата официјално беше соопштена денеска во Центарот за Култура на прес конференцијата.

Сподели