Околу 1000 активни случаи во Битола

Црн викенд за Битола со 8 починати пациенти. Вчера 6 на возраст од (88г, 84г, 75г, 63г, 63г и 59г). Во сабоата две лица на возраст од ( 79г и 71г).

Вчера дури 122 пациенти хоспитализиарни на инфективното во Битола, а претходниот ден во саботата бројката беше 112.

Во Прилеп пак во саботата бројката на хоспитализирани достигна до 138 пациенти, а вчера се искачи на 144. По бројот на смртни случаи овој викенд Битола пред Прилеп, исто така и по бројот на новорегистрирани.

 

Прочитај и: 37 починати, 301 нов случај и 1091 оздравен пациент

 

Како што во петокот кажа министерот за здравство Филипче модуларната во Битола е подготвена и во секој момент може да прима пациенти. Градоначалничката пак на Битола во викенд пост на својот Фејзбук профил напиша.

„Креветите во мобилните болници се одамна поставени со целосна кислородна поддршка, ама дај боже нека ни се најнеискористена инвестиција. И наместо да се игра како деца – доктори, воени експерти за специјални војни, … ајде да го правиме она што сигурно можеме и што сигурно зависи од нас самите – носење маски, негрупирање, држење растојание и хигиена, порачуива градоначалниичката на битола“ напиша меѓу другото Петровска.

Сподели